
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРИВАТЕН ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ
СКОПЈЕ
Почитуван иден академец на првата приватна висока образовна институција во Република Македонија во областа на туризмот, со осебена чест Ве информираме дека:
Во согласност со член 108, став 4 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 35/2008) и член 70 од Статутот на Факултетот, Факултетот за туризам - Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, објавува
К О Н К У Р С
за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии на Факултетот за туризам во Скопје, во учебната 2008/2009 година
I. Број на студенти
На Факултетот за туризам во Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски додипломски студии, за студиската програма за туризам, која се изведува во просториите на седишетото на Факултетот во Скопје, со времетраење од три години (шест семестри), со чие завршување кандидатот се стекнува со диплома за високо образование дипломиран туризмолог, во учебната 2008/2009 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.
II. Услови и критериуми за запишување
II.1. Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии, за лицата кои ќе матурираат во академската 2007/2008 година, е положена државна матура или меѓународна матура.
Право на запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно образование со четиригодишно траење, ако на конкурсот за запишување студенти во првиот уписен рок не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од точка II.1.
Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии, за лица кои завршиле образование во учебната 2006/2007 и порано е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука.
Право на запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии имаат и кандидати државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и државјаните на РМ.
II.2. На прв циклус универзитетски додипломски студии на Факултететот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Факултетот утврден во овој Конкурс.
II.3. Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 2.000 ЕУР во денарска противвредност, според средниот курс на приватните менувачници, за една студиска година.
II.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.
II.5.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2007/2008 година е успехот постигнат во средното образование и државната матура, односно училишната матура или завршниот испит.
Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:
- Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
- Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.
II. 6. Вреднувањето на успехот од средното образование и државната матура се врши на следниот начин:
- Општиот успех се пресметува така што се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12.
По овој основ може да се добијат најмногу 60 поени.
- Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит се вреднува на следниот начин:
- Екстерен задолжителен предмет мајчин јазик ................................... 8 поени;
- Екстерен изборен предмет
математика основно ниво или странски јазик ................................... 8 поени;
- Два интерни предмети по 8 поени за секој предмет .........................16 поени;
/ќе се вреднуваат кои било два предмета што ги избрал кандидатот од листата наставни предмети за полагање државна матура и училишна матура во гимназиско образование, од листата општообразовни наставни предмети од изборниот дел за полагање државна матура во средното стручно образование, од листата стручни наставни предмети од изборниот дел на државната матура и завршниот испит во средното стручно образование/
- Проектна задача ..................................................................................... 8 поени.
Кандидатите, во зависност од добените оценки на државната матура, односно училишната матура или завршниот испит, за секој од горе наведените критериуми ќе се вреднуваат на следниот начин: за добиена оценка 2 (двојка)-2 поени, за добиена оценка 3 (тројка)-4 поени, за добиена оценка 4 (четворка)-6 поени и за добиена оценка 5 (петка)-8 поени.
По овие основи може да се добијат најмногу 40 поени.
II.7.1.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.
Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:
- Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
- Uспехот од два предмета значајни за соодветната студиска програма учествува со 40%.
Pредметi значајни за сtudirawe na Fakultetot se stranski jazik i geografija.
II.7.2. Вреднувањето на успехот од средното образование, се врши на следниот начин:
- Sе собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.
- Збирот од оценките од двата предмета значајни за студиската програма се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.
По двата основи може да се добијат најмногу 100 поени.
III. Рокови за пријавување и запишување
Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од објавувањето на конкурсот до 22 август 2008 година. Објавувањето на резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за запишување ќе се изврши на 25 август 2008 година.
Доколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Факултетот ќе објави дополонителни уписни рокови, за што заинтерсираните кандидати навреме ќе бидат информирани.
IV. Документи за пријавување и запишување
При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Факултетот);
2. оригинални свидетелства од сите класови;
3. соодветни документи за завршена државна матура;
4. извод од матичната книга на родените и
5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение.
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. индекс (го добиваат на Факултетот);
2. четири фотографии (2- 6х9 и 2 - 3х4);
3. пријавни листови (ги добиваат на Факултетот);
4. доказ за уплатени средства за студирање.
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Факултетот за туризам во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99 (поранешен „Дом на народна техника-Скопје“, спроти Трговски центар Лептокарија, Општина Карпош). Подетални информации заинтерсираните кандидати можат да добијат на www.fts.edu.mk, www.fakultetzaturizam.edu.mk или на тел. 02 30 93 209, 02 30 93 212 и на моб. тел. 076 40 40 64.
Факултет за туризам-Скопје